Барселона и Севилја ги започнале преговорите за трансферот на Иван Ракиќ пишува каталонскиот весник „Спорт“. Ракитиќ во 2014 година токму од Севилја се пресели во Барселона.
„Спорт“ наведува дека Ракитиќ во зимскиот преоден рок ја одбил да се пресели во Јувентус, во ситуација кога во Барселона прифатиле 42 милиони евра за реализација на трансферот.
Желбата на хрватскиот репрезентативец е да остане во Шпанија. Се шпекулираше дека имал средба со претставници на Атлетико Мадрид. Сепак поради сопругата која е од Севилја тој решил да се врати во Андалузија.
Ракитиќ неколку пати изјавил дека желба му е кариерата да ја заврши во Севилја.
За овој клуб тој играше три и пол години, од почетокот на 2011 до летото во 2014 година. Последната година беше и капитен на тимот.
Барселона ќе го дозволи трансферот иако им е јасно дека нема да ја добијат сума коај во јануари им ја понудиле од Јувентус.