Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го нападна судијата Алехандро Ернандез Ернандез по изненадувачкиот пораз од 0:1 од Леванте, велејќи дека тој имал некој личен проблем со него.
Рамос доби жолт картон по само 10 минути игра, и го обвини судијата дека намерно не дал пенал за Реал по играњето со рака.
„Не сакам да зборувам за судиите, бидејќи секој прави грешки, но понекогаш се замислуваш. Критериумите е поинаков за нас. Мене ми досудија пенал за ненамерна игра со рака во Суперкупот, а денеска имаше два такви случаи и немаше пенал. Зборував со Ернандез Ернандез, а во минатото судиите имаа поголема почит кон капитените, а сега се арогантни. Го прашав дали има некој личен проблем со мене и ако е така да разговараме“, вели Рамос.
Со поразот, Реал го загуби првото место на табелата во Ла лига по првиот пораз по 15 меча во Ла лига, а ситуацијата се влоши откако Еден Азар повторно го повреди скочниот зглоб пред дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите и „Ел класико“ со Барселона.
„Секако, нервозни сме. Доаѓаат клучните мечеви и мораме да ја свртиме страницата. Бевме лидери, сега сме втори. Секоја грешка може да не остави без трофеј“, вели Рамос.