Серхио Рамос смета дека неговиот репрезентативен колега Андрес Иниеста требало да освои најмалку две „Златни топки“, за најдобар фудбалер во светот.
Иниеста по завршувањето на сезоната, по речиси две децении, ќе ја напушти Барселона и шпанскиот фудбал. Следна негова дестинација ќе биде Кина.
Иако, во изминатата деценија беше еден од најдобрите во светот, Иниеста никогаш не ја доби престижната „Златна топка“, за она што го прокажуваше на теренот.
„Да се викаше Андресињо, а не Иниеста, сигурно досега ќе освоеше најмалку две Златни топки“, рекол Серхио Рамос, алудирајќи на прекарите што ги носат бразилските фудбалери.
Многумина сметаат дека Иниеста требаше да ја добие „Златната топка“ во 2010 година кога на Шпанија и ја донесе титулата светски првак. Меѓутоа таа година тој беше втор во изборот, а наградата ја освои Лионел Меси.
Интересно, во средата, францускиот магазин „Франс фудбал“ официјално му се извини на Андрес Иниеста што никогаш во неговата кариера не му ја доделиле „Златната топка“.
„Франс фудбал“ официјално му се извини на Иниеста бидејќи не му дале „Златна топка“