Покрај големите грешки на голманот на Ливерпул Лорис Кариус, решавачки момент во финалето на Лигата на шампионите беше и повредата на Мохамд Салах по дуелот со капитенот на Реал, Серхио Рамос.
Дефанзивецот, како и многу пати во минатото ќе биде критикуван и осудуван. По мечот тој со емотивна порака му посакал брза рехабилитација на Салах, потсетувајќи дека фудбалот може да биде суров.
„Фудбалот некогаш ви го покажува своето најубаво лице, а некогаш го покажува и најгрдото. Ти посакувам брз рехабилитација Салах. Иднината е пред тебе. На крајот на денот, сите ние сме професионалци“, напишал Рамос на Твитер.
Мохамед Салах, поради повреда на десното рамо, играта ја напушти во 30.минута.Најцрните прогнози се дека тој поради оваа повреда би можел да го пропушти и Светското првенство во Русија.
El fútbol te enseña la cara más dulce a veces y la más amarga otras. Ante todo somos compañeros. Pronta recuperación, Salah. El futuro te espera.||Sometimes football shows you it’s good side and other times the bad. Above all, we are fellow pros. #GetWellSoon @MoSalah
— Sergio Ramos (@SergioRamos) May 27, 2018