Top Sport

Рамош херој, Португалија ја декласираше Швајцарија

Португалија и без Кристијано Роналдо супер лесно се справи со Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство во Катар и си обезбеди четвртфинален дуел со Мароко. Португалците триумфираа со 6:1 во последниот натпревар од осминафиналната фаза.

Гонсало Рамош беше херој во убедливиот триумф на Португалците, постигна три гола и го забележа првиот хет-трик на овој Мундијал. Во првиот меч од нокаут-фаза на светските првенства тој погоди во 17., 51. и во 67. минута. Стрелаа и Пепе, Рафаел Гереро и Леао. Единствениот гол за Швајцарија го постигна Аканџи по девет минути од второто полувреме.

Кристијано Роналдо доби шанса во завршните дваесетина минути од натпреварот кога веќе неговата репрезентација имаше високи 5:1 и осигурана победа.

Мундијалот во Катар ќе продолжи по два дена пауза, четвртфиналните дуели се закажани за в петок и за в сабота. На првиот ден играат Холандија – Аргентина и Хрватска – Бразил, полуфиналната шема ќе ја комплетираат пресметките Англија – Франција и Португалија – Мароко.

Scroll to Top