Од расположението во Манчестер јунајтед сигурно е полошо само расположението на нивните навивачи, како што можеше да се забележи по крајот на вчерашниот меч против Атлетико Мадрид, кога Маркус Рашфорд сакаше да се пресмета со своите навивачи кои му дофрлуваа.
По 0:1 поразот во вториот меч од осминафиналето на ЛШ е сигурно дека „ѓаволите“ ќе завршат уште една сезона без трофеј, што очигледно им пречи на навивачите. При заминувањето од стадионот, еден навивач му дофрла на Рашфорд: „По такви перформанси“, по што овој се враќа и покажува кон него со прст, пред обезбедувањето да реагира.
Рашфорд, кој се шпекулира дека размислува за заминување од клубот, се јави на социјалните мрежи со објаснување.
„Видеото може да обои илјада зборови и во овој случај да донесе неточни информации. Момци, со недели ме навредуваат, ми се закануваат, се поставува под прашање мојата посветеност и вчера моите емоции ме совладаа. Јас сум само човек. Да слушаш такви работи за себе секој ден те уморува. Никој не е поголем критичар за мојата игра од мее. Но, тоа видео е без контекст. Чекаа реакција од мене, телефоните беа подготвени. Секако, требаше да продолжам да одам и да го игнорирам тоа, нели тоа е исправното? Сакам да разјаснам две работи. Прво, кажав: ‘дојди тука да ми го кажеш тоа во лице’, а второ, не го користев мојот среден прст. Не се чувствувам привилегиран. Ова не е его. Вознемирен сум. Разочаран. Во тој момент погрешив, но бев само човек“, напиша Рашфорд.
No words for this Rashford ? pic.twitter.com/fG5hNsb6wi
— UtdXclusive (@UtdXclusive) March 16, 2022
There are 2 sides to every story. pic.twitter.com/Xl2PRyaX2c
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) March 16, 2022