Top Sport

Расизмот го засени фудбалот на Кадиз-Валенсија

Кадиз ја победи Валенсија со 2:1 во меч од 29. коло во шпанската Ла лига, резултат кој падна во сенка на немилите сцени и прекинот поради наводните расистички навреди кон дефанзивецот на „лилјаците“, Муктар Диахаби.

Хуан Кала ги донесе Кадиз во водство во 14. минута, пред Валенсија да израмни преку Кевин Гамеиро, по што во 30. минута од мечот дојде до прекин, кога Французинот Диахаби тврдеше дека добил расистички навреди од стрелецот на голот Кала.

Фудбалерите на Валенсија веднаш го напуштија теренот во знак на поддршка на нивниот соиграч, но тој инсистираше тие да се вратат и да го довршат мечот, што на крајот по 15-минутна пауза и го направија. Диахаби реши да биде заменет и на негово место влезе Уго Гијамон, но Кала остана на теренот за Кадиз, пред да биде заменет на полувремето.

На крајот, Кадиз стигна до победа и три поени откако во 88. минута, Маркос Мауро постигна гол за искачување на тимот на 13. место со 32 поени, еден поен и едно место зад Валенсија.

Меч, кој сигурно ќе предизвика многу дискусии во Шпанија во следниот период.

ЛА ЛИГА, 29.КОЛО

Кадиз – Валенсија 2:1

Алавес – Селта 1:3

Елче – Реал Бетис  1:1

Расистички скандал во Шпанија – Диахаби навредуван, Валенсија го прекина мечот со Кадиз

Scroll to Top