Патникот во финалето на Копа Италија ќе се бара на вториот натпревар, откако Милан и Интер вечерва на „Сан Сиро“ не беа расположени за голови при 0:0 ремито во првиот меч во кој „росонерите“ ја имаа улогата на домаќин.
Во типичен италијански натпревар, кој повеќе наликуваше на шах отколку на фудбал, двата тима беа претпазливи, посебно бидејќи се работи за прв натпревар и никој не сакаше да ризикува, ниту во одбраната ниту во нападот. Мечот започна лошо за Милан, кога капитенот Алесио Ромањоли се повреди во првите минути од мечот и тимот на Стефано Пиоли беше поактивен, но не доволно да бидат сериозна закана за Хандановиќ.
Реваншот се игра во април, а утре во второто полуфинале, се игра првиот меч меѓу Фиорентина и Јувентус.