Реакцијата на Килијан Мбапе откако Хери Кејн го утна пеналот во 85. минута на вчерашното четврт-финале на СП помеѓу Франција и Англија стана вирален хит на социјалните мрежи, и според многумина ја покажува „безмилосноста“ на францускиот напаѓач.
Французите го чекаа крајот на мечот со 2:1 водството преку Оливие Жиру во 75. минута, но само седум минути подоцна Тео Ернандез несфатливо се судри со Мејсон Маунт во шестнаесетникот и Англија доби втор пенал. Кејн, кој беше сигурен во првиот обид имаше катастрофален шут високо над голот.
Камерата веднаш го покажа Мбапе, кој едноставно не можеше да престане да се смее. „Вака не се смееше ниту кога го освои СП“, беше еден од кoментарите.
Mbappe laughs after Harry Kane missed a penalty 🤣
— 🆉🅸🆉🅾🆄 (@zi_46) December 10, 2022
When Harry Kane missed the penalty #mbappe pic.twitter.com/P7nN8iSV4i
— Julien 🐠 (@julienpescatore) December 10, 2022