Реал Мадрид го договориле првиот трансфер во летниот преоден рок. Според холандските медиуми по завршувањето на сезоната на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се пресели Рони ван де Бек.
Според овие извори трансферот на талентираниот фудбалер од редот за врска ќе изнесува околу 55 милиони евра.
Реал и минатото лето се обиде да го ангажира Ван де Бек, меѓутоа тогаш Ајакс го стопираа трансферот бидејќи веќе останаа без Матијас Де Лихт и Френки Де Јонг.
Ван де Бек веројатно ќе биде замена за Лука Модриќ кој речиси сигурно ќе го напушти Мадрид.