Top Sport

Реал и Барса го „напаѓаат“ Челси: Рис Џејмс и Маркос Алонсо пред преселба во Ла Лига

Најголемите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона сакаат да ја искористат ситуацијата во Челси и да купат дел од фудбалерите на лондонскиот клуб. Челси е под санкции поради Роман Абрамович, а тоа создава многу проблеми и во кадровската политика на клубот.

Реал Мадрид ќе се обиде од „Стемфорд бриџ“ да го купи англискиот репрезентативец Рис Џејмс како засилување за десната бековска позиција, додека Барселона го „мерка“ Маркос Алонсо кој игра на левата странична позиција.

Алонсо има договор до јуни 2023 година и би дошол за мала отштета на „Камп Ноу“, додека „кралевите“ ќе мораат да платат најмалку 50 милиони евра за Рис Џејмс, со оглед дека е „врзан“ до 2025 година со Челси.

Scroll to Top