Зинедин Зидан, во понеделникот, го започна својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид, а клубот денес објави дека го договорил првото засилување за наредната сезона.
Дефанзивецот на Порто, Едер Милитао (23), на 30 јуни официјално ќе стане член на Реал. Брзилецот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2025 година.
Eder Militão est un nouveau joueur du Real Madrid.
Il a signé jusqu'en 2025. https://t.co/uX01DlC0iX
— Real Madrid FR (@FranceRMCF) March 14, 2019
Сумата што Реал ќе ја платата за Милитао не е позната, меѓутоа медиумите пишуваат дека „кралскиот клуб“ ќе ја исплати откупната клаузула која изнесува 50 милиони евра.
Милитао во Порто пристигна од Сао Паоло. Тој ја минал фудбалската академија на овој клуб, а во Порто за него платиле шест милиони фунти.