Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да го продаде левиот бек Ферлан Менди. Французинот во Реал пристигна во 2019 година за речиси 40 милиони евра.
Ферлан Менди за четири години не успеа да го оправда она што клубот го вложи во неговиот трансфер. Во 2019 година Зинедин Зидан инсистираше тој да биде новиот лев бек на Реал.
Менди изминатите четири години пропушти многу натпревари поради разми повреди. Последната, 11. од како стана играч на Реал, ќе го оддалечи од терените во наредните четири недели, што значи дека Реал нема да може да смета на него во клучен период во борбата за Лигата на шампионите.
Мадридските медиуми тврдат дека веќе нема сомнеж дека Менди ќе се најде на трансфер листата и дека Карло Анчелоти сака освежување на оваа позиција.
Треба да се очекува позицијата на Менди да ја покрие Давид Алаба, кој кариерата ја започна како лев бек, а во централниот дел од одбраната да делуваат Едер Милитао и Антонио Ридигер.