Реал Мадрид во финишот на преодниот рок ќе се обидат да се засилат со играчот на Еспањол, Марк Рока. Во еден период Баерн Минхен покажуваа интерес за овој 22 годишен фудбалер.
Главна цел на Реал во преодниот рок беше Пол Погба, но извесно е дека тој ќе остане во Манчестер Јунајтед, додека тренерот Зинедин Зидан не го сака Кристијан Ериксен од Тотенхем.
На Реал му е потребен играч од редот за врска, а како што пишува „Мундо Депортиво“ можно е денес да достават понуда за талентираниот Рока. Во Еспањол нема да се противат на трансферот доколку биде исплатена откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.