Top Sport

Реал Мадрид го претстави Џуд Белингем како ново засилување (ФОТО)

Реал Мадрид го промовираше англискиот репрезентативец Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. „Кралскиот клуб“ за 120 милиони евра го доби потписот на еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Утре напладне ќе биде официјалната промоција на Англичанецот на „Сантијаго Бернабеу“, а денеска тој го промовираше новиот дрес на Реал Мадрид за сезоната 2023/24.

Белингем во изминатите три години беше член на Борусија Дортмунд, а дојде како младинец од Бирмингем за околу 20 милиони евра.

Scroll to Top