Top Sport

Реал не сака Брахим Дијаз да го смени спортското државјанство

Брахим Дијаз (24) оваа сезона се врати во Реал Мадрид по тригодишна позајмица во Милан. Од неговото враќање во клубот, тој има акумулирано 117 минути во осум настапи за Реал, успеа да постигне еден гол.

Дијаз го привлече вниманието врз себе по најавите дека сака да го смени спортското државјанство. Тој сакал да игра за Мароко, а во Реал не се воодушевени од оваа идеја.

Реал не сака да го пушти Дијаз да игра за Мароко бидејќи тогаш би играл на Африканскиот куп на нации во јануари. Мароканците се уште преговараат со Дијаз, а тој наскоро треба да донесе одлука.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид колку и да не се согласува со ова, не може да влијае доколку фудбалерот донесе одлука.

Дијаз беше член на Малага, Манчестер сити и Милан, а според „Трансфермаркт“ вреди 20 милиони евра. Во помладите категории играше за Шпанија.

Scroll to Top