Реал Мадрид повторно имаше маки во шпанската Ла лига, откако Карим Бензема со нов гол требаше да ги спасува од срамотен пораз од Леганес, за понеделничкиот меч да заврши 1:1.
На гостувањето во предградието на Мадрид, „кралскиот клуб“ прими гол во финишот на првото полувреме, откако Џонатан Силва упати одличен удар од работ на шестнаесетникот по конфузијата во одбраната на гостите.
Како повеќе пати оваа сезона, Французинот Карим Бензема беше човекот на одлука, откако во 51. минута израмни. Со овој гол, последните пет гола на Реал Мадрид ги има дадено токму Бензема.