Top Sport

Екс репрезентативец на Македонија пред трансфер во Бешикташ

Поранешниот македонски репрезентативец, Американецот Џордан Тиодор, веројатно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Бешикташ, објави специјализираниот кошаркарски портал „Јурохуп“.

Тиодор (29) минатата сезона шест месеци играше за АЕК од Атина, а претходно го носеше дресот на Армани Милано.

Доколку постигне договор со челниците на Бешикташ, тоа значи дека тој се враќа во турското првенство каде во минатото играч за Анталија, Мерцин и Банвит.

Во богатат интернационална кариера Тиодор има играно за Мец, Херикјенс дел Атлантико, Бурж и Франкфурт.

Тиодор во 2017 година е прогласен за МВП во Лигата на шампиони на ФИБА, истата годиа со Банвит го освои Купот на Турција.

Scroll to Top