Top Sport

Лука Дончиќ втора вечер под своето ниво, нов пораз на Далас

Кошаркарите на Вашингтон стигнаа до шестата победа оваа сезона откако пред своите гледачи му го нанесоа петтиот сезонски пораз на тимот на Далас Маверикс. Тие победија со 113:105, а Лука Доничиќ втора вечер по ред не беше шутерски расположен.

Иако постигна 22 поени, тоа е нешто послаба игра за негови стандарди оваа сезона, со оглед дека од почетокот на сезоната редовно постигнува 30 и повеќе поени.

Дончиќ за 39 минути на паркетот имаше 8/21 од поле, шутираше 3/8 за три поени, дури и од белата линија не беше на ниво, 3/9. Тој додаде и девет скока со шест асистенции и две украдени топки.

Кај Маверикс најефикасен беше Спенсер Динвиди со 33 поени, Тим Хардавеј постигна 16, а Двајт Пауел уфрли 14 поени.

Кај победникот блескаше Кајл Кузма кој постигна 36 поени со 11 скока и шест асистенции. Руи Хачимура додаде 23 поени.

Далас по првите две четвртини имаше три поени предност (61:58), водеше со шест разлика до средината на третата четвртина, но не успеа во финишот.

Во последните 12 минути Вашингтон имаше максимална разлика од 14 поени и на крајот забележа сигурен триумф.

Портланд славеше како гостин против Њу Орлеанс со 106:95. Пеликанс имаа водство од 57:51 на полувремето, но не успеаја да го задржат и во вториот дел од мечот.

Во тимот на Блејзерс се истакнаа Џереми Грант со 27 и Анферни Симонс со 23 поени, додека надвор од тимот поради болест беше Јусуф Нуркиќ.

Во тимот на Њу Орлеанс најрасположен беше Зион Вилијамсон со 29 поени.

Резултати: Вашингтон – Далас 113:105, Атланта – Филаделфија 104:95 Мајами – Шарлот 117:112, Њу Орлеанс – Портланд 95:106.

Scroll to Top