Top Sport

Реал се први во ЛШ, Вардар најуспешен македонски клуб

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја објави листата на најдобрите клубови во Лигата на шампионите од почетокот на натпреварувањето во 1955 година, кога елитното натпреварување го носеше името Куп на европските шампиони.

Првото место му припаѓа на клубот со најмногу трофеи, Реал Мадрид, втори се Баерн Минхен, на третото место е Барселона, па следуваат Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.

Најдобар клуб од Македонија на оваа листа е Вардар на 146 место, следуваат, Работнички (186), Шкендија (255), Слога Југомагнат (300), Силекс (342).

Најдобар рејтинг од клубовите од просторите на поранешна Југославија има Црвена звезда (22), додека Динамо Загреб е на 30 место.

Комплетната листа на УЕФА може да ја погледнете овде.

Scroll to Top