Top Sport

Реал со „петарда“ за Леганес, Јовиќ со деби-гол за „кралевите“ (видео)

Реал Мадрид се доближи на само поен до лидерот Барселона, откако на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до убедлива и лесна 5:0 победа над Леганес.

Исходот беше извесен по само осум минути игра, откако Родриго и Тони Крос постигнаа два брзи гола за „кралевите“, пред Серхио Рамос во 24. минута од пенал да зголеми на 3:0.

Карим Бензема со уште еден гол пенал во 79. минута зголеми на 4:0, пред српскиот напаѓач Лука Јовиќ, конечно, да го постигне својот прв официјален гол за тимот на Зинедин Зидан во 91. минута од мечот.

ЛА ЛИГА, 11.КОЛО

Атлетик Билбао – Еспањол 3:0

Реал Бетис – Селта Виго 2:1

Реал Мадрид – Леганес 5:0

Scroll to Top