Реал Мадрид му понудиле 40 милиони евра по сезона и петгодишен договор на Нејмар, но тој уште чека на Барселона и сака да се врати „дома“, тврди каталонскиот весник „Спорт“ откако бразилската мега-ѕвезда на Пари Сен-Жермен повторно стана прва тема во шпанските медиуми.
Според „Спорт“, доколку Нејмар ја прифати понудата на Реал би станал вториот најплатен фудбалер на светот по Лионел Меси. Сумата од 40 милиони евра е повисока од 36-те милиони кои ги добива во Париз и значително повеќе од 24 милиони кои му ги нуди Барселона.
Покрај тоа, Реал има адут во тоа што има добри односи со францускиот клуб и нуди 100 милиони евра и потпис со уште двајца фудбалери: Герет Бејл, Кејлор Навас, Маријано Диаз или Хамес Родригез.
Од друга страна, „Марка“ вели дека Нејмар полека се навикнува на идејата дека ќе „носи бело“, споредувајќи го со случајот на Луис Фиго, кој „не планирал да потпише за Реал“, но тоа бил единствениот избор.