Top Sport

Реал во последните 15 минути ја скрши Осасуна

Реал Мадрид ја победи Осасуна со 2:0 и го задржа чекорот со лидеорт Атлетико во борбата за титулата во Шпанија.

Екипата на Зинедин Зидан се спаси од нов кикс во последните 15 минути. До победата дојде со головите на Бразилците Едер Милитао и Касемиро.

Иско во 77. нафрли од корнер, а Милитао ја смести топката во голот. Две минути подоцна, лошиот прием на Касемиро го измами голманот на Осасуна и заврши во голот.

Реал иам 74 поени, два помалку од лидерот Атлетико.

Scroll to Top