Реал Мадрид успеаја да соберат речиси 70 милиони евра од продажба и позајмица на фудбалери во летниот преоден рок, јавува шпанска „Марка“.
Последната продажба на Оскар Родригез на Севилја од 13.5 милиони евра, го зголеми профитот на „кралевите“, кои најавија дека нема да има големи трансфери ова лето во обид да се заштедат пари во неизвесната економска состојба поради корона вирусот.
Продажбата на Ашраф Хакими на Интер им донесе 40 милиони евра, Хави Санчез за трансферот во Валјадолид чинеше 3.5 милиони евра, додека Дани Гомез и Хорхе де Фрутос беа продадени на Леванте за 5 милиони евра. Покрај ова, позајмицата на Такефуса Кубо во Вилјареал им донесе дополнителни 2.5 милиони евра.
Вкупно досега сумата е 64.5 милиони евра, но во шпанската престолнина очекуваат уште заминувања. Хамес Родригез е многу блиску до Евертон, како и Маријано Дијаз до Бенфика, но најголем предизвик останува Герет Бејл, кој годишно зема 17 милиони евра плата од „кралевите“. На излезна врата се очекува да се и Борха Мајорал, Алберто Соро, Дани Себалјос, Алваро Одриозола, како и Брахим Дијаз.