Top Sport

Речиси половина од агентите паднаа на тестот на ФИФА

Речиси половина од кандидатите паднале на новиот тест за да можат да работат како фудбалски агенти, потври ФИФА. Од 3.800 кандидати, само 1.962 го поминале минатонеделниот тест кој ќе биде задолжителен да се работи на фудбалските трансфери и преговори за договорите на фудбалерите од октомври оваа година.

Повеќе агенти и адвокати во Европа покренаа повеќе тужби против ФИФА обидувајќи се да ги блокираат новите правила на ФИФА со кои ќе се ограничат провизиите кои ги добиваат агентите во индустрија која носи стотици милиони евра годишно. Втората рунда на испити ќе биде во септември, кои чинат 600 долари и мора да се одговорат точно 75 отсто од 20-те прашања.

Долгогодишните агенти можат да бидат изземени од тестот ако аплицираат до септември, но и тие ќе мораат да одат на дополнителна обука.

ФИфА сака да ја ограничи заработката на агентите на максимум од 10 отсто од трансферот, а исто така да се ограничат на 3 отсто од платата на фудбалерите ако заработуваат над 200.000 долари годишно или 5 отсто од нивната плата ако имаат заработувачка помала од 200.000 долари.

Scroll to Top