Top Sport

„Лука е како Леброн и Коби“

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид изјави дека Лука Дончиќ е феномен, дека е во рангот на Леброн Џејмс и Коби Брајант.

Дончиќ во саботата го предводеше својот тим до победа од 121:100 над Њујорк Никс. Словенецот за 29 минути на теренот постигна 30 поени, со осум скока и седум асистенции. Во третата четвртина постигна 19 од своите 30 поени.

„Дончиќ е единствен. Наликува на Леброн, иако Џејмс е подобар спортист. Тој е многу интелигентен и тоа му помага да се натпреварува со своите ривали. Секогаш сака да победува, затоа е посебен. Коби и Леброн се легендарни играчи кои ги водеа своите тимови до победа и никогаш не се жалеа на околностите – Лука е како нив, затоа е толку ценет. Ќе се обиде да најде начин неговиот тим да триумфира, без разлика на сите тешкотии“, заклучи поранешниот плејмејкер, кој беше шампион во 2011 година со Далас.

Лука оваа сезона има просек од 33,4 поени и по 8,6 скока и асистенции. Во моментов е во својата петта НБА сезона.

Маверикс имаат скор 11-11 и се соочуваат со Феникс Санс во понеделник навечер. Тој натпревар започнува во 2 часот и 30 минути.

Scroll to Top