Top Sport

Реми за Струга ТЛ, триумфи за Шкупи и за Шкендија

Шкупи го победи Работнички со 3:1 на Чаир и ја намали негативата во однос на Струга ТЛ, откако лидерот повторно одигра само 0-0 дома против Македонија ЃП.

Бајрами во 11.минута донесе предност за Шкупи, но израмни Мазари само три минути подоцна. Сепак, Шкупи продолжи со напади, а тоа го материјализираше преку Куевен во 33.минута и преку Цефас во 38.минута од мечот.

Македонија ЃП повторно се покажа како непријатен ривал за Струга ТЛ и успеа да освои бод на гости.

Шкендија со двата гола на Ералдо Чинари славеше против Академија Пандев со 2:1. Тој погоди во 31. и во 45.минута, а гостите успеаја да намалат во вториот дел преку Ергемлидзе во 65.минута.

Брегалница триумфира против Победа со 4:0 во Штип. Дарко Додев во третата минута обезбеди водство, а Даниел Мојсов во 11.минута зголеми на 2:0. Во вториот дел, Иван Николов беше двоен стрелец, во 61. и во 67.минута.

Силекс вчера го победи Скопје со 3:1.

Scroll to Top