Top Sport

Жорге Жесус: Алиоски е одлично засилување за Фенербахче

Тренерот на турскиот гигант Фенербахче, Жорге Жесус, изрази задоволство што го добил македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски како засилување во тимот. Алиоски дојде во Фенербахче на едногодишен заем од саудискиот клуб Ал-Ахли, а денеска за првпат тренираше со новиот тим.

„Добивме нов играч во тимот, тоа е Езгјан Алиоски, навистина квалитетен фудбалер кој верувам дека ќе ни помогне многу во новата сезона. Наредните денови подобро ќе се запознаеме“, изјави Жорге Жесус.

Фенербахче утре игра со Словачко во квалификациите за Лига Европа, но Алиоски, очекувано, нема да биде дел од тимот.

Scroll to Top