Фудбалскиот клуб Ренова официјално ја извести Фудбалската федерација на Македонија дека нема да настапува во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Причините се од финансиска природа. По ова, клубот ќе се пресели во најнизок ранг на натпреварување.
Во текот на вчерашниот ден, Ренова испратила писмо до Фудбалската федерација на Македонија, во кое е наведено дека клубот нема да настапува во ПМФЛ во сезоната 2022/23.
Според ова, фудбалското првенство на Македонија ќе брои 11 екипи, а во секое коло по еден од клубовите ќе биде слободен.
Во првото коло кое е закажано за 7. август, слободна ќе биде Македонија Ѓорче Петров која требаше да игра против Ренова на отворањето на новата сезона.