Top Sport

Ренова официјално ја извести ФФМ дека се откажува од учеството во Првата фудбалска лига

Фудбалскиот клуб Ренова официјално ја извести Фудбалската федерација на Македонија дека нема да настапува во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Причините се од финансиска природа. По ова, клубот ќе се пресели во најнизок ранг на натпреварување.

Во текот на вчерашниот ден, Ренова испратила писмо до Фудбалската федерација на Македонија, во кое е наведено дека клубот нема да настапува во ПМФЛ во сезоната 2022/23.

Според ова, фудбалското првенство на Македонија ќе брои 11 екипи, а во секое коло по еден од клубовите ќе биде слободен.

Во првото коло кое е закажано за 7. август, слободна ќе биде Македонија Ѓорче Петров која требаше да игра против Ренова на отворањето на новата сезона.

Scroll to Top