Top Sport

Респект! Двоен „шпалир“ на Реал Мадрид-Реал Бетис

Мечот од последното коло во шпанската Ла лига помеѓу Реал Мадрид и Реал Бетис нема резултатско значење, но беше совршена шанса двата клуба да си покажат меѓусебна почит со необичен „двоен шпалир“.

При излегувањето на теренот, фудбалерите на Реал Мадрид прво застанаа да им оддадат почит на Бетис, овогодишните освојувачи на Кралскиот куп, по што веднаш застанаа и тие им оддадоа почит на фудбалерите на Мадрид, кои ја освоија својата 35. титула од Ла лига.

Ова е дефинитивно нешто што ретко се гледа.

Scroll to Top