Top Sport

Иличиќ по четири месеци пауза поради „менталната криза“ во тимот на Аталанта

Аталанта го поставија Јосип Иличиќ во нивниот тим за последниот меч од сезоната против Емполи, четири месеци откако доби „пауза“ од тимот за да ги реши проблемите со менталното здравје.

34-годишниот словенечки репрезентативец веќе еднаш паузираше од фудбалот по пандемијата на КОВИД-19 во 2020, кога Бергамо беше посебн погодено, но се врати на терените и оваа сезона имаше 4 гола и 5 асистенции во 23 меча пред да му се врати депресијата во јануари 2022.

Тој последен пат играше неколку минути при 6:2 победата над Удинезе на 9 јануари, но постојано беше во тренинг-центарот на клубот, а неодамна повторно почна со тренинзи. Италијанските медиуми веруваат дека се работи за шанса за Иличиќ да се збогува со навивачите на Аталанта по пет сезони, бидејќи иако има договор до 2023, се очекува да замине на крајот на сезоната.

Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа

Иличиќ ги надмина личните проблеми, утре се враќа на тренинзи

Таткото на Иличиќ бил убиен од сосед за време на војната во БиХ

Scroll to Top