Top Sport

Респект кон религијата на соиграчот – Минамино престана со шампањското поради Мане

Таки Минамино со почит кон религијата на својот соиграч, престана да прска со шампањското откако Садио Мане го замоли при прославата на титулата од Лига купот на Ливерпул.

По драматичната 11:10 победа на пенали во неделата, кога голманот Кепа Аризабалага го утна последниот пенал, капитенот Џордан Хендерсон се качи на подиумот и го крена својот петти трофеј со „црвените“ пред да продолжи прославата.

Традиционалното шампањско беше подготвено, и Минамино застана покрај Мане, кој побара да не прска. Јапонецот го послуша својот соиграч, кој е голем муслимански верник.

Scroll to Top