Франк Рибери би можел да се најде во сериозни проблеми бидејќи два пати го турнал помошникот судија по завршувањето на натпреварот со Лацио.
Камерите го уловиле овој момент кога играчите на Фиорентина започнале да се расправаат со главниот судија и неговите помошници, а нервозниот Рибери турнал еден од судиите.
Францускиот ветеран два пати го турнал судијата, а потоа еден од членовите на стручниот штаб го повлекол назад.
Поради тој гест Рибери добил црвен картон, што значи дека ќе паузира најмалку на два натпревари. Исто така сигурно е дека Дисциплинската комисија ќе го разгледува целиот случај.
#Ribéry La presa bene…maxi squalifica! #FiorentinaLazio pic.twitter.com/rkcrnd3v9q
— ⓛⓤⓒⓐラツィオ (@Luca_Twitte) October 27, 2019