Лестер и Челси одиграа 2:2 во премиерниот натпревар од 25 рунда во Премиер лигата на Англија. Челси од пораз на „Кинг Пауер“ го спаси дефанзивецот Антонио Ридигер кој ги постигна двата гола.
Иако гостите го постигнаа првиот гол, на отворањето на второто полувреме, играчите на Лестер беа подобри на теренот но наивно примените голови ги оставија без победа.
По голот на Челси во 46 минута, Лестер во режија на Јури Тилеманс направија пресврт. Најпрвин во 54 минута Белгиецот му намести гол на Харви Барнс, а десет минути подцна стрелец беше и Бен Чилвел.
Гостите израмнија во 71 минута, повторно нафрли Маунт, а Ридигер беше стрелец.