Десниот бек на Челси и репрезентативец на Англија, Рис Џејмс, има многу посериозна повреда поради која ќе го пропушти Светското првенство во Катар. Тој се повреди на дуелот против против Милан во Лигата на шампионите и според информациите ќе мора да паузира до декември.
Ова значи дека дефинитивно нема да може да биде дел од селекцијата на Англија на Мундијалот.
Рис Џејмс е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција и неговото отсуство сигурно ќе претставува голем проблем и за Челси и за репрезентацијата на Англија. Во тимот ќе го замени Цезар Аспиликуета, а националниот тим најверојатно ќе се потре на Трент-Александер Арнолд.