Манчестер Јунајтед влегува во последната фаза од преговорите со холандскиот стратег Ерик тен Хаг за иден менаџер, а раководството на „Олд Трафорд“ работи напорно за да изгради тим за следната сезона.
Најголемата ѕвезда која би можела да се пресели во Манчестер Јунајтед е капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн. Сепак, доколку тоа не се случи, „ѓаволите“ имат и алтернатива.
Напаѓачот на Евертон, Ришарлисон, е „пикиран“ како засилување за Јунајтед ова лето. Бразилскиот напаѓач беше желба на тимот од „Олд Трафорд“ уште во 2017 година, но од Флуминенсе замина во Вотфорд, а по само една година се пресели на „Гудисон Парк“ и потпиша за Евертон.
На „карамелите“ сезонава им се заканува испаѓање од Премиерлигата, а 24-годишниот напаѓач изрази желба да го напушти клубот и да се испроба во посилна средина.
Евертон бара околу 70 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец кој досега одигра 144 натпревари и постигна 49 гола.