Селекторот на Бразил, Тие, доби многу критики за неговиот избор Ришаршисон да биде прв напаѓач на репрезентацијата уште во квалификациите за Мундијалот. Но, тој му веруваше, а напаѓачот на Тотенхем му возврати со голови. Продолжи и синоќа, со два гола ја порази Србија.
Роден е во малото гратче Нова Венеција, кое има нешто повеќе од 50.000 жители. Како најстар од петте деца, тој имаше класично детство типично за 90% од бразилските фудбалери. Тешко, во сиромаштија. Многу негови врсници спасот го пронајдоа во дилање дрога, но популарниот Риши избра поинаков пат.
„Пријателите ми велеа „дојди со нас, не биди кукавица. Но, знаев дека тоа не е во ред“, раскажува Ришарлисон за детството.
Решил да го следи патот на бубамарата. На седум години татко му му донел 10 топки, затоа што сакал да стане добар фудбалер. Но, дури на 14 години ги напушти улиците на Нова Венеција. Поводот бил крајно непријатен. Се нашол во ќорсокак на локален наркобос.
„Го впери пиштолот во мене и ми рече дека ако ме види повторно тука, ќе го повлече чкрапалото“, вели Ришарлисон.
Меѓутоа, тогаш го запознал бизнисменот Ренато Веласко, кој многу му помогнал. Тој му подарил нов пар копачки, а потоа му помогнал да потпише со второлигашот Америка Минеиро. Потоа играше за Флуминенсе, а имаше понуда од Ајакс. Сепак, тој ја избра понудата од Марко Силва да дојде во Премиерлигата и да заигра Ватфорд. Не размислуваше двапати и наместо четирикратниот европски првак избра премиерлигаш.
„Ја гледав Премиерлигата кај вујко ми на телевизија. И веднаш се заљубив во она што го видов. Веднаш ме освои незапирливата брзина – изјави Ришарлисон.
Сега е во Тотенхем, игра одлично и е прв напаѓач на селекцијата на Бразил. Сите деца во Бразил сонуваат тоа да им се случи.