Top Sport

Ристовски: Сакаме да не потценат, тогаш сме најсилни

Фудбалската репрезентација на Македонија, во Букурешт се подогтвува за првиот меч на Европското првенство. Македонија, во недела, против Австрија ќе дебитира на големите натпреварувања.

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски, во изјава за српска „Република“, открива кава е атмосферата во тимот.

„Се обидуваме атмосферата да биде на високо ниво, таа ни овозможи да дојдеме на ЕУРО 2020. Сепак, не е лесно, 24 часа сме затворени во хотелот. Излегуваме од хотелот само кога одиме да тренираме“, рекол фудбалерот на Динамо Загреб.

„Сакаме да не потценат, тогаш сме најсилни. Досега бевме скромни, такви ќе бидеме и на ЕП. Знаеме каков квалитет имаме. Верувајте ќе има изненадувања на ЕП. Фаворит во нашата група е Холандија, за другото ќе видиме“.

Македонија во Ц-групата на ЕП ќе игра против Австрија (13.јуни), Украина (17.јуни) и Холандија (21.јуни).

Фото/transfermarkt.com

Scroll to Top