Бразилската фудбалска легенда, Ривалдо очекува Лионел Меси да ја освои светската титула со Аргентина, порачувјќи му дека „Господ ќе го круниса во недела“, и покрај познатото ривалство на двете јужноамерикански фудбалски нации.
Меси има одличен настап во Катар, каде што е најдобар стрелец заедно со Килијан Мбапе (пет гола) по 3:0 победата на ХРватска во полуфиналето. Ривалдо, кој ја освои титулата со Бразил во 2002 година, најави дека ќе навива за Аргентина во финалето.
„Веќе го немаме Бразил и Нејмар Јуниор, така што во финалето ќе останам со Аргентина. Без зборови за тебе, Лионел Меси, веќе и претходно заслужи да си светски шампион. Но, Господ ги знае ите работи и ќе те круниса во недела. Ја заслужуваш титулата поради личноста која си и поради прекрасниот фудбал кој секогаш си го играл. Ја симнувам капата и Господ да те благослови“, напиша Ривалдо на Инстаграм.