Top Sport

Рој Кин: Тројцата најдобри играчи во Премиерлигата се Де Брујне, Халанд и Роналдо

Рој Кин ги избра актуелните најдобри играчи во Премиерлигата. Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, кој моментално работи како аналитичар, изненади со својот избор. Ирецот смета дека најдобри играчи во Премиерлигата се Кевин Де Брујне, Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо.

За дуото на Сити малкумина можат да го обвинат, но навивачите дебатираат за изборот на Кристијано Роналдо, кој е далеку од својата најдобра форма. Португалецот не е во првиот тим на Ерик тен Хаг и има два гола и една асистенција на десет настапи оваа сезона.

Сепак, Кин верува дека неговиот поранешен соиграч е меѓу тројцата најдобри играчи на сите времиња.

„Тројцата најдобри фудбалери на сите времиња се Кристијано Роналдо, Диего Марадона и Зинедин Зидан“, заклучи харизматичниот Ирец.

Scroll to Top