Борусија Дортмунд со победа ја отвори новата сезона во Бундеслигата, откако голот на Марко Ројс беше доволен да се стигне до 1:0 победа над Баер Леверкузен, за слатка одмазда против тимот кој лани ги елиминираше во ДФБ купот.
Ројс ги донесе „милионерите“ до рано водство уште во 10. минута од мечот, резултат кој остана до крајот на мечот. Во финишот, Леверкузен остана со играч помалку откако голманот Лукаш Храдецки доби црвен картон за игра со рака надвор од шестнаесетникот.