Рома е последниот полуфиналист во Лига Европа откако по продолженија го победи Феенорд со 4:1. Покрај головите и триумфот на италијанскиот тим, мечот го одбележа и скандалот на асистентот на Мурињо, Салваторе Фоти, кој удри противнички играч.
Тој во 32.минута влезе во клинч со противнички фудбалер крај аут линијата и го удри, а веднаш доби и црвен картон.
Леонардо Спинацола во 60.минута донесе водство за Рома, но израмни Игор Паишао во 80.минута. Тоа беше резултат што го водеше Феенорд во полуфиналето, но Рома од испаѓање ја спаси Пауло Дибала со голот во 90.минута, со кој го одведе натпреварот во продоженија.
Тогаш Рома доби крилја и постигна уште два гола, преку Стефан Ел Шарави и Лоренцо Пелегрини, за пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со Баер Леверкузен.