Рома и Интер, на „Олимпико“ во Рим, освоија по еден бод, откако во дербито на 14.коло одиграа 2:2 (0:1). Интер два пати водеше во Рим, Рома два пати се враќаше во мечот, а до крајот ниту една од екипите не успеа да победи.
Возбудувањата на овој натпреври ги најави Кеита Балде, а Рома одговори со обидот на 19-годишниот Заниоло. На половина од првото полувреме Флоренци од идеална позиција го погоди дирекот.
Интер успеа да ги казни во 37.минута, кога Кеита Баде добро реагираше на центаршутот од Дамброзио и го совлада Олсен.
Второто полувреме започна со проектилот на турскиот репрезентативец Ундер, кој во 51.минута го израмни резултатот.
Интер потоа ја презеде контролата врз играта и 15 минути подоцна Икарди го постигна вториот гол за својот тим.
Конечните 2:2 ги постави Коларов во 74.минута од пенал. На пеналот му претходеше играњето со рака пред својот гол на Брозовиќ.
Рома по ова коло е седма со 20 бода, а Интер е на второто место со 29 бода.