Рома по две ремија во Серија А и понижувачкиот пораз од Фиорентина во Копа Италија, конечно, се врати на победите и тоа убедливо со 3:0 на гостувањето во Верона кај Киево.
Стефан Ел Шарави го најави атакот на „волчицата“ во деветтата минута сам успеа да мине тројца дефанзивци на Киево и да донесе водство. Един Џеко само девет минути подоцна постигна прекрасен гол за 2:0, а мизеријата за „летечките магариња“ ја комплетираше Александар Коларов во 51. минута по една брза акција на гостите.
Со победата, Рома (барем привремено) се искачи на четвртото место во Серија А, со 38 поени, колку што има и петтопласираниот Лацио со натпревар помалку и два повеќе од Милан на шестото место. Киево е убедливо на последното место во Италија со 9 освоени поени откако сезоната ја стартуваа со -3 поени.
Фото: ЕПА