Top Sport

Рома шест месеци без Рик Карсдорп

Холандскиот десен бек и член на Рома, Рик Карсдорп, ќе отсуствува шест месеци поради повреда на менискусот на левото колено. Тој се повреди на натпреварот против Хелсинки во Лигата на Европа, а во наредните денови ќе мора да биде опериран во Швајцарија.

Карсдорп стана дел од „волчицата“ во летото 2017 година, кога пристигна од Феенорд, а за пет години одигра 116 натпревари во дресот на римскиот клуб, со ефект од 13 асистенции и еден гол.

По тешките повреди на Џорџинио Вајналдум и на Ебрима Дарбо, продолжуваат сериозните проблеми со здравствениот билтен во тимот на Жозе Мурињо.

Scroll to Top