Поранешниот бразилски фудбалер, Ромарио му прати порака за поддршка на уште една бразилска легенда, Пеле, порачувјќи му дека целиот свет се моли за здравјето на трикратниот светски шампион, кој е хоспитализиран цел месец и чија здравствена состојба предизвикува загриженост кај фудбалските фанови, откако неговото семејство се собра во болницата во Сао Пауло за време на божиќните празници.
„Кралу, да оздравиш. Сите внимаваат и се молат за тебе. Биди многу подобро. Бакнеж до твоето срце“, изјави Ромарио за „СпорТВ“.
Со ова, Ромарио, кој со Бразил ја освои светската титула во 1994 година, во минатото имаше големи несогласувања со Пеле, посебно кога беше активен фудбалер и добиваше критики за своето однесување.
„Пеле е поет кога е тивок, но кога ќе ја отвори устата излегуваат само гомна“, изјави тогаш 56-годишниот Ромарио.
Семејството покрај Пеле по очигледното влошување на неговото здравје