Top Sport

Роналдо: Бразил мора да ја победи Србија

Бразил треба да има успешен почеток на Светското првенство, а тоа значи да ја победи Србија смета легендарниот бразлиски фудбалер, Роналдо.

„Селесао“ патувањето во Катар ќе го започне на 24 ноември со дуелот против Србите.

„Историјата покажува дека кога ќе почнеме добро, се завршува добро. Првиот меч во групата е многу важен, но ние имаме обврска да ја победиме Србија на самиот старт“, смета Роналдо.

Ривалдо отиде чекор подалеку и истакна дека селекцијата на Тите нема да има никакви проблеми на трите натпревари во групата Г.

„Не треба да имаме никакви проблеми во групната фаза, но вистинското Светско првенство започнува во нокаут рундата, тоа е она што секогаш го велам. Гледајќи го нашиот квалитет во однос на нашите ривали, треба да победиме сите три натпревари во групата без никакви проблеми“, истакна поранешниот играч на Барселона.

Ривалдо и Роналдо беа дел од генерацијата на Бразил која го освои Светското првенство во 2002 година. Дваесет години подоцна, сите во татковината се надеваат дека еден од главните фаворити би можел да ја врати „божицата“ таму каде што била најмногу пати.

Scroll to Top