Top Sport

Лина Ѓорческа го освои турнирот во Ираклион

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс турнирот во Ираклион, Грција. Таа во финалето ја совлада Романката Мириам Булгару.

Ѓорческа го доби финалниот дуел со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).

Нашата најдобра тенисерка наметна свој ритам, ја принуди ривалката да има поголем број грешки и успеа да освои уште трофеј во кариерата.

Scroll to Top