Top Sport

Роналдо добил нула гласови за „Златната топка“

Кристијано Роналдо можеби заврши на 20. место при доделувањето на „Златната топка“, но „Франс фудбал“ сега открива дека фудбалерот на Манчестер јунајтед воопшто не добил ниту еден глас во изборот за фудбалер на годината 2022.

Самото 20. место беше најслаб пласман во 17 години за Португалецот, но тој би бил и подолу доколку не биле во предвид земени и претходните номинации, бидејќи тој е еден од 11 фудбалери кои не добиле ниту еден глас од жирито.

Другите фудбалери кои завршија без поени се Хери Кејн, Трент Александер-Арнолд, Фил Фоден, Бернардо Силва, Жоао Кансело, Џошуа Кимих, Мајк Мањан, Кристофер Нкуну, Дарвин Нуњез и Антонио Ридигер.

Scroll to Top